A-petit
A-petit® е течен додаток во исхраната за подобрување на апетитот, кој содржи комбинација од растителни екстракти, витамини и минерали. Погоден е веќе за деца од три години, но и за возрасни. Има одличен вкус кој децата го сакаат.
Кај децата во развој, потребата за урамнотежена и разновидна исхрана е многу важна, за да се осигураат микронутриентите потребни за нивниот раст и развој. A-petit® е течен додаток во исхраната кој во своите состојки освен екстрат на исландски лишај, цинк и витамини од групата Б, содржи и екстракт од корен на глуварче (Taraxacum officinale) кој помага во подобрување на апетитот.
ПРЕПОРАЧАНА ДНЕВНА ДОЗА | Деца од 4-6 години (5ml) | Деца од 7-10 години (10ml) | Деца од 11-14 години (15ml) | Возрасни (30ml) |
---|---|---|---|---|
Екстракт од корен од глуварче (Taraxacum officinale) | 0,375 g | 0,75 g | 1,125 g | 2,25 g |
Екстракт од талус од исландски лишај (Cetraria islandica) | 28,75 mg | 57,50 mg | 86,25 mg | 172,50 mg |
Цинк | 2,5 mg | 5 mg | 7,5 mg | 15 mg |
Витамин Б1 | 0,275 mg | 0,55 mg | 0,825 mg | 1,65 mg |
Витамин Б2 | 0,35 mg | 0,7 mg | 1,05 mg | 2,1 mg |
Витамин Б6 | 0,35 mg | 0,7 mg | 1,05 mg | 2,1 mg |
Витамин Б12 | 0,625 µg | 1,25 μg | 1,875 μg | 3,75 μg |
Фолна киселина | 50 µg | 100 μg | 150 μg | 300 μg |
Пантотенска киселина | 1,5 mg | 3 mg | 4,5 mg | 9 mg |
УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА
Деца од 4-6 години – двапати дневно по 2.5 ml (пола лажичка).
Деца од 7-10 години – двапати дневно по 5 ml (една лажичка).
Деца од 11-14 години – двапати дневно по 7.5 ml (една цела и една половина лажичка).
Возрасни – двапати дневно по 15 ml (три лажички).
Се препорачува да се зема половина час пред оброкот.
Пред употреба, содржината на шишенцето силно да се протресе. После употреба шишенцето веднаш да се затвори. Рокот на траење после првото отварање на шишенцето е 2 месеци.
НАПОМЕНА
Да се чува вон дофат на мали деца.
Препорачаните дневни дози не смее да се пречекорат.
Додатокот во исхраната не е надоместок или замена за урамнотежена исхрана.
Важно е придржувањето до урамнотежена и разноврсна исхрана, и здрав начин на живот.
УСЛОВИ НА ЧУВАЊЕ
Да се чува на суво и темно место, на температура до 25°С.
ПРОИЗВОДИТЕЛ
PHARMOVAL d.o.o., Vukomerečka cesta 2, Zagreb, Hrvatska
НЕТО КОЛИЧИНА
200 ml
Побарајте во аптеките!